Xiaomi будилник кој воедно е и паметен звучник

0
110

Xiao AI Smart Alarm Clock е паметен будилник кој освен стандардните функции кои ги поседува обичниот будилник нуди и одредени функции кои инаку доаѓаат со паметните звучници, како што се на пример можностите за прикажување на временска прогноза, најнови вести,па дури е во состојба да одговара на прашањата на корисникот.Го прикажува моменталното време, а тука е и копчето за исклучување на аларм и микрофон. Во внатрешноста на будилникот се наоѓа четири-јадрен процесор од 1,3 GHz, а што се однесува на поврзаноста, тука е и поддршката за Wi-Fi и Bluetooth 4.0 LE.