Royole го претстави смартфон/таблет со екран на превиткување

0
66

Royole е компанија од Калифорнија, САД и истата го претстави нивниот FlexPai, уред којшто има екран кој се превиткува и со тоа може да се користи како таблет или превиткан како смартфон.Цената која стои на страната од оваа компанија, што значи дека уредот е достапен во продажба, изнесува 1.388 евра, што е и очекувано за еден ваков уред кој во основа заменува два.Ваквите уреди ќе бидат еден вид на револуција и ќе го променат начинот на којшто ги користиме нашите мобилни уреди. Кога е отворен уредот е таблет компјутер кој може да се користи со сите предности на поголем екран, за гледање на YouTube, Netflix, читање на книги и слично. Кога е време да се излезе и да се стави уредот во џеб, тој се превиткува и добива многу помала големина со што е погоден да се користи како смартфон.

Инаку, Royole FlesPai доаѓа со 7,8 инчен AMOLED екран која кога е отворен има резолуција од 1920 на 1440 пиксели и е во 4:3 формат. При преклопување се добиваат условно три посебни екрани, на предната и задната страна, како и од страната, односно превитканиот дел. Во тој случај резолуцијата на екраните изнесува 810 на 1440, 720 на 1440 и 390 на 1440.Телефонот работи на Android 9.0, односно најновата верзија од овој оперативен систем, со посебен „скин“ додаден кој го носи името Water OS. Овој оперативен ќе се погрижи да сликата прикажана во било кој формат од уредот е прилагодена според потребите.Покрај екранот кој се превиткува, FlexRai доаѓа и со одлични компоненти внатре. Тој работи на се’ уште не претставениот Snapdragon 8150, а има и избор од варијанта со 6 GB RAM меморија и 128 GB простор за податоци, како и 8 GB RAM со избор од 256 и 512 GB простор за податоци.