GeForce RTX графичките направени на најновата Turing архитектура

0
172

Nividia на SIGGRAPH настанот ја претстави својата најнова архитектура, која е во изработка последните 10 години, наречена Turing. Главните карактеристики на оваа нова архитектура се во таканаречената „ray tracing“ технологија, која во комбинација со вештачката интелигенција, овозможуваат скоро реална слика, споредлива со филмовите.На Gamescom настанот Nvidia ги претстави GeForce RTX 2070,GeForce RTX 2080 и GeForce RTX 2080 Ti.Ова се првите графички кои работат на новата Turing архитектура и се наменети за гејмерите, односно за „обичните“ корисници.Овие графички картички овозможуваат значително подобрување на графиката во игрите во споредба со претходните генерации. Споредба дури не може да се направи поради големината на подобрувањата и реалноста на сликата којашто е овозможена со новата технологија.