Почетна / Магазин / Предлог филм / “Bohemian Rhapsody” предлог филм за максимално саботно уживање
Rami Malek as the rock icon Freddie Mercury in the upcoming 20th Century Fox/New Regency film "BOHEMIAN RHAPSODY."

“Bohemian Rhapsody” предлог филм за максимално саботно уживање

Нашиот предлог филм за потполно музичко уживање,затоа што легендите се паметат. Приказната за раѓањето на легендарната британска рок-бенд Queen и нејзиниот фронтмен Фреди Меркјури.

Кратка содржина

Бохемиска Рапсодија е прослава на бендот , нивната музика и нивниот неверојатен пејач Фреди Меркјури, кој ги поби сите стереотипи и ја урна конвенционалноста за да стане еден од најсаканите перформери на планетата. Филмот го забележува вртоглавиот раст на популарност на бендот преку нивните препознатливи песни и револуционерен звук, нивниот речиси-колапс кога животот на Меркјури излегува од контрола и нивното триумфално обединување на Live Aid, каде Меркјури, соочувајќи се со неизлечлива болест, го предводи бендот кон најдобрата рок изведба на сите времиња. Сетоа ова, додека ја цементира позицијата на бендот како бенд кој е повеќе како семејство, и кој продолжува да ги инспирира „аутсајдерите“, сонувачите и вљубениците на музиката и до овој ден.

За Ивона Стевановска

Можеби ќе ве интересира

Furious Seven (2015)

Одличен филм за љубителите на брзите коли. Џемс Ван го режира ова поглавје од исклучително …