Почетна / Вести / 01.10.2016 – ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА ЖЕНА ОД ВИОЛЕТА ТОДЕВА-МИЈАЛКОВА

01.10.2016 – ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА ЖЕНА ОД ВИОЛЕТА ТОДЕВА-МИЈАЛКОВА

На ден 01.10. 2016 година во просториите на Градската библиотека во Штип е најавена промоција на  книгата ,,Жена” од реномираната поетеса Виолета Тодева-Мијалкова од Штип чиј издавач е НУ-УБ ,,Гоце Делчев” – Штип. Почетокот на промоција е закажан во 18:30 часот. Инаку Виолета Тодева-Мијалкова е долгогодишен одделенски наставник, сега во пензија. Пишува континуирано, но ретко се одлучува да отпечати нешто, и покрај тоа што во меѓувреме е добитник на многу награди. Член е на Литературниот клуб ,,Искра” од Штип што функционира во соработка со Библиотеката.Ова е нејзина втора книга, а поетскиот опус воопшто и е многу обемен и квалитетен. Како рецензент на книгата ,,Жена” на иницијатива на поетесата е м-р Милена Ристова-Михајловска, која го оценува ова дело како придонес кон современото македонско женско писмо. На самата промоција ќе бидат прочитани неколку песни од циклусот на жена. Поканети се сите грагани на град Штип. Книгата ја отпечати: ,,2. Август” – Штип. Честитки за Виолета Тодева-Мијалкова од тимот на Цивитас.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …