Јавен час на ЕУРОАРТ. Членови на ПОРАКА – добитници на ГРАН ПРИ. За ЦИВИТАС – благодарница

0
327

Членовите на АКАДЕМИЈАТА ЕУРОАРТ – Штип, во соработка со Основното општинско училиште ,,Славејко Арсов”, одржаа трет по ред јавен час во Спортската сала во населба Баби.

,,Целта беше да претставиме пред публиката како изгледа еден наш час, тренинг или проба. На јавниот час зедоа учество сите наши активни членови заедно со нашите кореграфи. Овојпат, прикажавме игри и песни од Овче Поле, Скопска блатија и Пијанец”, рече Петар Стојанов, член на Академијата.

,,На јавниот час доделивме и стотина дипломи и пофалници за творби што пристигнаа на претходно распишаниот Меѓународен конкурс од страна на Академијата, на тема ‘Уметноста – моја инспирација 2018’. Апликантите испраќаа творби во областите на јазикот, литературата, музичката и ликовната уметност, ракотворењето, фотографското изразување и сл. На конкурсот пристигнаа 212 творби. Исто така, доделивме и околу 180 дилломи за успешно завршен курс по уметничко изразување и фолклор во периодот септември – декември 2018″, рече Ребека Спасова.

,,Беа соопштени и резултите од Меѓународниот конкурс на кој универзитетскиот професор м-р Ванѓа Димитријева – Кузмановска учествуваше со творба на тема ‘Фолклорот моја љубов – моја пасија’ каде дел од двете членки на ЦПЛИП ПОРАКА – Штип, Верче Андонова и Лидија Златева, учествуваа со презентација на фотографии со мотиви од народна носија. Покрај доделената благодарница за членовите на ЦПЛИП ПОРАКА – Штип и волонтерите, ја добивме и најголемата награда ГРАНД ПРИ ЗА КО-АВТОРСКО ДЕЛО”, изјави Лилјана Крстевска, претседателка на ПОРАКА.

,,Во редот на еминентните членови на жири – комисијата за селекција на творбите беше и претседателот на Здружението ЦИВИТАС, м-р Мартин Ѓорѓиев”, изјави Марија Ристова, член на ЦИВИТАС.

,,Ние како членови на ЦИВИТАС сме почестени со примената благодарница од АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ што е симболична потврда за нашата успешна досегашна и идна соработка”, потенцираше Милан Андонов.

Членовите на АКАДЕМИЈАТА ЕУРОАРТ – Штип, во соработка со Основното општинско училиште ,,Славејко Арсов”, одржаа трет по ред јавен час во Спортската сала во населба Баби.

Целта беше да претставиме пред публиката како изгледа еден наш час, тренинг или проба. На јавниот час зедоа учество сите наши активни членови заедно со нашите кореграфи. Овојпат, прикажавме игри и песни од Овче Поле, Скопска блатија и Пијанец.

На јавниот час доделивме и стотина дипломи и пофалници за творби што пристигнаа на претходно распишаниот Меѓународен конкурс од страна на Академијата, на тема ,,Уметноста – моја инспирација 2018″. Апликантите испраќаа творби во областите на јазикот, литерстурата, музичката и ликовната уметност, ракотворењето, фотографското изразување и сл. На конкурсот пристигнаа 212 творби.

Исто така, доделивме и околу 180 дилломи за успешно завршен курс по уметничко изразување и фолклор во периодот септември – декември 2018.

Членовите и раководителите на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ искажуваат огромна благодарност до директорот на ООУ ,,Славејко Арсов”, до Општина Штип и Здружението ,,ЦИВИТАС” за комплетната поддршка за реализација на овој настан.

Неодамна, пред 2 недели, се одржа и годишниот концерт на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ, со нов репертоарт, со многу учесници и во преполна сала, а со поддршка од Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип.