Што е креативност од аголот на еден студент на Психологија-Меланија Цветкова

Меланија Цветкова е студентка на Факултетот за психологија при МСУ Г.Р. Державин во Св. Николе. Ова е  нејзината перспектива за креативноста а е дел од работните активности по предметот Перцептивни и сознајни процеси под менторство на Ана Чучкова.

Што е креативност?

Креативност е акт на остварување на нови и имагинативни идеи во реалност. Креативноста се карактеризира според можноста светот да се перципира на нови, невидени начини, според можноста да се изнаоѓаат скриени шаблони, можност да се прават конекции помеѓу навидум неспоиви феномени, можност да се генерираат солуции.Креативноста вклучува два процеса:мислење и остварување.Доколку некој има идеи, но не работи на нивно остварување, тој е само имагинативен, досетлив, но, не и креативен.Уметноста на креирањето, сметам, дека нејзината најчиста форма доаѓа во моменти на тотална препуштеност, во моменти на мир со самиот себе, а истовремено и во мир со сето она што не опкружува, луѓето и околностите кои циркулираат во нашите животи и кои се од суштествено значење за нашата добробит, како и ние за нивната. Момент на креативна мисла, може да биде било кој, доколку е пропратен со потребниот мир и сталоженост.Може да биде едноставно уживајќи во мирисот на земјата после дожд, или пак едноставно уживајќи во друштво на самиот себе, во друштво на саканите во релаксирана, пријатна атмосфера, или пак не правејќи ништо, само слушајќи си ги сопствените мисли и следејќи го текот на својот ум и емоциите, сплотени во едно.Креативноста не би требало во никој случај да ја споредуваме со степенот на интелигенција, бидејќи, зошсто да не би можел некој со понизок степен на интелигенција, доколку доволно се потруди и вложува во себе, едноставно да се досети на нешто ново, оригинално, дотогаш невидено и можеби многу значајно?Исто така е присутен фактот дека и кај голем број на луѓе со висока интелигенција, креативноста затајува.Дури и психолошките истражувања на ова поле дале променливи резултати, дека можеби просечната интелигенција е неопходен, но, не и доволен услов за креативна експресија.Секако, ништо не е онака како што изгледа.Се во себе содржи безброј нијанси за секоја боја, за што никаков претходно претскажан шаблон, не мора да биде токму според начинот на кој веќе некој го предвидел. Се си има свој тек, кој секако може да биде изменет.Сметам, дека креативноста не би требало да се изедначува со талентираноста и надареноста.Се вели дека: “Талентиран е тој поединец кој постигнува натпросечни резултати на продуктивно или репродуктивно ниво во едно потесно подрачје на човековата дејност, што претпоставува висока развиеност на некоја специфична способност.”Но, секако кога станува збор за креативноста, таа не произлегува од нечија талентираност, туку од спонтаноста на управувањето со сопствените мисли и идеи.Од длабочината на тоа колку всушност ги истражуваме, до степенот со кој си играме со нив, колку всушност храброст имаме да впловиме во универзумот полн со бескрајно многу мисли, идеи и нив да ги доловиме на едиствен начин. Кога станува збор за надареноста, креативноста е само меѓу другите, нејзина компонента.Текот на процесот на создавање на креација се обиделе да го објаснат многу научници.За некои од нив е синоним за создавање нови комбинации, од асоцијации, за други е процес на реорганизирање на постоечки елементи со цел да се изнајде решение и за трети е трансформирање на инфантилен сексуален или агресивен импулс од општестено непожелни кон пожелни облици на однесување.Бидејќи, креативниот процес е нагласено субјективен процес, тешко може да се каже во што точно се состои, но истражувачите најчесто ги потенцираат  следните специфични ментални функции кои се случуваат во текот на креативното мислење: доживување, препарација, инкубација, евалуација и верификација. Левата и десната хемисфера од мозокот, односно конвергентното и дивергентното мислење, поточно креативното и некреативното се во некој дел споиви. Мое лично видување е дека едното без друго не може и дека за да постои логично и аналитичко видување, размислување, сепак во некој дел од себе би требало да содржи креативност. И луѓето, како Тесла, како Ајнштајн  да не биле креативни немало да дојдат до такви енормни сознанија. Големиот број на значајни личности од областите на науката и уметноста, кои со своите откритија дале огромен белег врз човештвото, се сведоци за креативноста и имаме примери од луѓе кои живееле лагоден живот, до луѓе кои едвај преживувале, а сепак креативноста не заостанувала и кај двата примера на креативни луѓе. Така да, не може јасно да се постави границата за општествен фактор кај креативните луѓе.И, што е тоа што всушност ја потикнува креативноста? Секако креативноста не е детерминарана ниту од наследен фактор.Креативноста е индивидуална, така да не може точно да се наведе што делува како стимул, а што како кочница врз креативноста кај една индивидува, бидејќи Што е нормално за пајакот е хаос за мувата. Недоразбирањата помеѓу психолозите околу критериумот за новото, односно оригиналното се разбирливи.Дали само она што е ретко е оригинално?Дали оригиналното  се однесува единствено на новото во однос на некој општ стандард или пак во однос на дотогашното ниво на општите или индивидуални сознанија?Дали е оригинално единствено тоа што има епохално значење? Сметам дека било какво тврдење е небулозно.И, зошто би го вреднувале само и единствено креативниот продукт? Креативноста сама по себе е орудие, за да конечната дестинација е наречена креација. Некому е макотрпен патот до крајното решение, некому не.Би било крајно несоодветно и неправилно, доколку само продуктот се дефинира како креативност, а не и целокупниот процес.Патот до креација сочинува разни нијанси, ко-продукти, независно од тоа што, на крај, сите претставуваат една целост, што значи дека, творецот се соочува со многу одлуки, со многу пречки и, некогаш, суштински прашања.Секој дел од креативниот процес може да претставува крајна и задоволителна дестинација за творецот, главното прашање е – кога(?), по кое моментално следи и -зошто? Како ќе заврши таа дилема, борба, зависи од храброста и љубопитноста на самиот творец.И, затоа, тежината на процесот на создавање не треба да се занемарува во никој случај. “Херојот и кукавицата имаат нешто заедничко – тоа е стравот.Само што, херојот го користи стравот да го проектира врз својот противник, додека кукавицата бега.Да, тоа е исто, но, единствено важно е тоа (кој) што ќе одлучи да прави со него.” –Cus D’Amato
Како би започнал воопшто креативниот процес, прво и најважно, потребна е љубопитноста.Како би се впуштиле во нешто што не заинтригирало, потребна ни е храброста.Храброст, да останеме до крајот во процесот на креаирање, без разлика на околностите, ситуациите во кои ќе се најдеме.По кое што следи дека ни е потребна истрајност за нешто вистински да го реализираме, истрајноста и секако постојаната жед која несомнено буди незапирлива страст, желба за уште повеќе.Да учиме од грешките и повторно и повторно да импровизираме врз нив, вадејќи го максимумот од се што ќе ни се најде на патот до конечната креација. Навраќајќи се на горенаведениот цитат, сакам да сумирам, дека стравот секогаш постои, само во наши раце е што ќе одлучиме да правиме со него…Дали ќе му дозволиме тој да не надвладее, или ќе владееме ние со него и ќе го користиме на најдобар можен начин, вадејќи го неговиот најголем потенцијал.

   Креативноста на некој начин е прибежиште за оние кои имаат храброст да избегаат од монотонијата на конзервативните и модерните норми создавајќи автономен амбиент за творење.Креирајќи сопствена оаза, препуштајќи се на музата и давајќи и време да добие облик (смисла) сета жар надвор и во (него).
Благодарам, што бевте сведок на оваа моја креација.