Почетна / Хуманитарни настани / Хуманитарна недела на Славјанскиот Универзитет

Хуманитарна недела на Славјанскиот Универзитет

Здружението Цивитас во соработка со Студентскиот сојуз  на Меѓународниот Славјански Универзитет организираат хуманитарна недела во просторииите на универзитетот во Св. Николе и Битола.

,,Ги известувам сите хумани студенти кои ги има во голем број,  дека во Меѓународниот Славјански Универзитет се отвара Хуманитарна акција- Недела на Студентскиот сојуз на Меѓународен Славјански Универзитет и здружението Цивитас, акцијата ќе биде реализирана во Свети Николе и одделението во Битола од 1ви до 8ми Април. Може да се донира облека ( чиста, спакувана) за деца и возрасни, детски играчки и школски прибор. Штандот ќе биде поставен во просториите на Универзитетот.” -изјави Ана Г. Пантовски, претседател на Студентскиот сојуз на Славјанскиот Универзитет.

За Маријана Коцева - Штип

Можеби ќе ве интересира

Несекојдневна хуманитарна изложба на Верче Андонова

Несекојдневна изложба со арапска техника на Верче Андонова ќе се одржи во НУ-УБ ,,Гоце Делчев” …