Почетна / Вести / Македонија / ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – ВОЛШЕБНО ВЕЛИГДЕНСКО ДРВО

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – ВОЛШЕБНО ВЕЛИГДЕНСКО ДРВО

Во пресрет на верскиот празник Велигден, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и ЈУ Центар за социјална работа организираме хуманитарна акција наречена: „Волшебно велигденско дрво“. Над 50 деца и младинци кои што го посетуваат дневниот центар за церебрална парализа Капиштец ќе ги запишат своите велигденски желби и истите ќе бидат прикачени на волшебното велигденско дрво на желби. Сите хумани граѓани и општестевно одговорни компании ќе можат да ги исполнуваат напишаните желби, а со тоа да подарат среќа на едно дете. Активностите се со цел олеснување на животот и потребите на овие лица, а со тоа би се придонело за нивна полесна интеграција во општеството. Со самата активност покрај доприносот овие лица да се чувствуваат убаво и радосно, целтта е и подигнување на јавната свет за надминување на прерасудите и стереотипите на лицата со пречки во развојот.  Акцијата трае од 04ти до 27ми април.
Нека биде овој Велигден среќен за сите. Ве очекуваме со вашата хуманост на дело.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …