Почетна / Магазин / Поезија и проза / Уште едно прекрасно дело на Виолета Тодева Мијалкова ,,НАСЛИКАЈ МЕ„

Уште едно прекрасно дело на Виолета Тодева Мијалкова ,,НАСЛИКАЈ МЕ„

Деновиве од печат излезе  новата стихозбирка под наслов  ,,НАСЛИКАЈ МЕ”. Рецензент на оваа стихозбирка е  проф.Зоран Мијалков а за изданието  на стихозбирката се погрижи печатницата  2-ри Август-Штип.

Еве што напиша на својот ФБ профил во врска со новата стихозбирка.

И еве ја, од печат излезе мојата нова рожба, стихозбирката ,,НАСЛИКАЈ МЕ,како да има во мене небо’’, а во неа, насликани моите песни, во кои ќе се пронајдеш како живееш, јадеш, спиеш, бакнуваш…во кои те има, како крв, како мирис на кожата, како сонце, како ветрови…како небо…како слика на левата страна од градите. 

Благодарам на рецензентот, проф.Зоран Мијалков. Благодарам на сите кои ме мотивираат, благодарам на срдечната материјална подршка. Посебна благодарност за професионалноста на печатницата: 2-ри Август-Штип.
Ви посакувам пријатно патување низ моите насликаните изливи од душата, насликаните спомени, насликаните слики на било која и ваша животна приказна, во која расчитувајќи ја, и сами себе ќе се препознаете. Ве сакам !

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Промоција на книга и хуманост на едно место

Вчера во Мултимедијалниот центар во Штип се одржа  прекрасна промоција на автобиографската книга на Марија …