Почетна / Вести / УТРЕ Е ГОЛЕМ ДЕН – СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ НИКОЛА

УТРЕ Е ГОЛЕМ ДЕН – СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ НИКОЛА

Утре се празнува еден од најголемите православни зимски празници  Свети Никола архиепископ Мирликиски – 19/6 XII кој е зaштитник на патниците и на сите морепловци. Многу македонски семејства ширум Македонија за свој домашен заштитник го слават Св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал и како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. Многумина од жителите на нашата држава од машкиот пол го носат токму неговото име Никола. На 19-ти декември именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина. Вечно име на сите славеници, со многу мир, бериќет, благослови и многу здравје. Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на неговата упокојување 19-ти декември, (празник познат како зимски Св. Никола или Св. Никола – зимен), сепак, внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на моштите на св. Никола од Мир (во Ликија) во Бари (Италија) на 22 -мај, (празник меѓу народот познат како летен Св. Никола, или Св. Никола – летен). Домашните слави во сите семејства се посни. Се прави посен грав, сарма и риба. Домакините ги даруваат сите гости што ќе дојдат на слава за здравје и мир во семејството. Свети Никола е заштитен светец и на нашите градови Штип и Свети Николе. Овие два града со многу културни активности го празнуваат својот патрон празник. Инаку овој светец од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Нека е за многу години празник. Вечен именден и слава на сите славеници!

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …