Почетна / Вести / Трета по ред изложба на ЦПЛИП Порака во Штип

Трета по ред изложба на ЦПЛИП Порака во Штип

ЦПЛИП Порака во последните три години организира настан по повод 3 ти декември денот на лицата со посебни потреби. Се работи за отворен настан на кој се поканети сите оние кои ги подржуваат овие лица во борбата за еднакви права и можности во општеството. Како и во претходните години и оваа година ке бидат изложени рачни изработки, од најразлични материјали цртежи изработени од вештите раце на членовите на ЦПЛИП Порака Штип со помош на волонтерите кои ги имаат изработувано преку цела година.

Настанот ке се одржи на 30.11.2018 година во 18:00 часот во уметничката галерија Безистен во Штип.За оваа година планирана е и богата програма каде ќе бидат вклучени членовите на Порака, односно лица со интелектуална попреченост во секој дел од програмата во соработка со:

-членовите на 3Г Градскиот хор од Штип

-школата за фолклор при Академијата ЕУРО АРТ

-учество на балетска група Get fit и Лаура Арсиќ-модерен балет

 

За Никола Манев

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …