Почетна / Донации / Статистика со која Виница ја заокружува 2015 година!

Статистика со која Виница ја заокружува 2015 година!

185 новороденчиља, 149 склучени бракови, 125 умирачки , е статистиката со која Виница ја заокружува 2015 година 185 деца 2015 година се пријавени во Службата за вакцинации во Виница , а 85 се пријавени во Матичната служба како родени во странство или сума сумарум 270 новороденчиња на хартија запишани, а колку остануваат овде најдобро покажува уписот на почетокот на учебната година.
Во храмот “Св.Архангел Михаил“ за една година се крстени вкупно 145 новороденчиња од кои 30-на се родиле во Италија, Германија, Словенија, Швајцарија, Франција и Холандија, а во Виница го презеле православното име. Како што информираат од храмот , расте тенденцијата на ставање исклучиво македонски имиња и тоа имиња на светители. Се подоминантни имиња се Јана, јаков, Марија, Матеј, матеја и слично, за пофалба се и нашите исселеници кои постепено се надминуваат во своите навики за ставање странски имиња, и кај нив се повеќе доминираат старите македонски имиња. Според досегашната статистика, најплодни за Виница беа 2009 година со 213 бебиња родени овде и 2010 година со 196 бебиња , овие бројки беа своевиден “бејби бум“ заради бенефициите кои стартуваа тогаш за трето и четврто дете.
Според податоците од Матичната служба , , минатата година завршила со помалку умирачки во однос на 2014 , 125 во однос на поланските 159, од кои на градските гробишта во Виница завршиле 98. Радува фактот што во 2015 година во нашата општина се склучени 149 брака , наспроти 32 бракоразводни постапки од кои 22 брака завршиле со официјален развод, а во 5 случаи се повлечени тужбите . Во виничкиот храм се венчани 62 млади брачни пари, мегу кои има само еден мешан брак со Албанка . Зголемениот број на венчавки во однос на изминатите години , очекувано најавува и поплодна 2016 година, се разбира ако овие млади луѓе најдат простор и работни места за една солидна егзистенција со која можат да ја градат иднината.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Апел за помош на Славица Димитрова

Славица Димитрова е девојка која боледува од makularna degeneracia и retinopatia spigmentoza, генетско заболување на …