Со само две состојки отстранете ја мртвата кожа од петите

Испуканите пети се еден од честите проблеми со кои се среќаваат голем број луѓе. Покрај тоа што изгледаат грдо и непривлечно, испуканите пети можат да бидат и многу болни.

 

За да се ослободите од овој проблем испробајте го овој рецепт.

Потребно

10 таблети од 300 милиграми аспирин или андол

250 милилити ракија, или медицински алкохол од 70 проценти.

Издробете ги таблетите и измешајте со ракијата и оставете да отстои 1- 2 а потоа пред спиење со газа нанесете од смената на испуканите пети и обложете ги со најлонска фолија до наредното утро.