Почетна / Магазин / Поезија и проза / СОЛЗИ – ВИОЛЕТА СЕКОВСКА

СОЛЗИ – ВИОЛЕТА СЕКОВСКА

Солзи
Оваа беда голема
на живот што се одзива,
е тажна илузија
на соништа изгубени.
Секој обид за радости
на среќа што често наликува
привид е на болката
од исконот страданието.
Гласот испуштен
во обид да се запее
впрочем крик е таговен
од срцето заробено.
Сета добрина човечка
во точка штом се собере,
слика е на тажна планина
во отровни солзи облеана.

Автор: Виолета Сековска – Скопје

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Уште едно прекрасно дело на Виолета Тодева Мијалкова ,,НАСЛИКАЈ МЕ„

Деновиве од печат излезе  новата стихозбирка под наслов  ,,НАСЛИКАЈ МЕ”. Рецензент на оваа стихозбирка е …