Почетна / Вести / СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ И ПРОМЕТЕЈ – ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВО ШТИП

СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ И ПРОМЕТЕЈ – ВО НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВО ШТИП

СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ – 18.04.2016 –  почеток: 20:00 часот
Три јазици, македонски, албански и турски испреплетени еден со друг, а јасно покажувајќи ја истата љубов помеѓу невините млади карактери. Театарската претстава „Слуга на двајца господари“ работена според текстот на италијанецот Карло Голдони, преработена и прилагодена на современото живеење . „Во нашиот современ живот и љубовта и лебот, малку влегоа во потешки димензии. Светот стана малку бетон, малку асфалт, малку стакло, многу пластика. Дојдовме во таква состојба да сега почнавме да произведуваме и ѓубриште, во ова денешно современо ѓубриште, за мене во овој современ живот беше многу интересно двајца вљубени од два различни етнички света и уште еден сиромав кој ќе се бори за својот леб беше многу интересна тема. Ова за мене беше моторот за да се изиграат љубовта и лебот.“-вели Јуџел Ертен, режисер на претставата

ПРОМЕТЕЈ – 19.04.2016 – почеток: 20:00 часот
Ја обработува големата тема на Прометеј, кој му го подарил огнот на луѓето, а кој оган во претставата често ликовите го бараат преку потрагата по човекот, човечкото во себе и кој станува своевиден симбол на нивната совест. Мислам дека успеавме да создадеме еден наш, би рекол измислен антички тип на театар заедно со Олга, Рафик и Горан и со актерската екипа. И кога би требало со еден збор да кажам што е нашиот Прометеј тоа е лабораторија за антички театар, рече Пројкоски. Според него, в недела публиката ќе може да види една шокантна актерска игра што ја тестира актерската и театарската издржливост. За кореографот на претставата Олга Панго, за која ова е втора соработка со Турскиот театар, претставата носи нов современ израз наспроти она што е класична актерска игра. Како Пројкоски и таа е особено задоволна од соработката со актерите од Турскиот театар и нивната отвореност и професионалност при извршувањето на сите задачи за време на пробите. Авторот на сценографија и долгогодишен соработник на Турскиот театар Владо Ѓорески – Рафик рече дека специфика при работењето на оваа претстава е што се барало точна, а не убава сценографија. А тоа значи да се ослободи, да се исчисти просторот за режисерската мисла, за извонредната кореографија и за беспрекорната актерска игра. Целокупната работа на претставата е чист, искристализиран и јасен естетизам со што Турскиот театар со овој проект влегува во најсовремените европски театарски движења, вели Ѓорески. Музиката за претставата е на Горан Трајковски. Главните улоги ги толкуваат Селпин Керим, Џенап Самет, Сузан Акбелге и Неат Али искусна актерска екипа на Турскиот театар. Вели режисерот Пројковски

Претставите се со превод. Резервации на билети на 078/745-774 Ве очекуваме!

 

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …