Почетна / Здравје / Славни личности кои прозборија за нивните ментални растројства со цел да ги охрабрат другите

Славни личности кои прозборија за нивните ментални растројства со цел да ги охрабрат другите

 Тешко е да се зборува кога станува збор за менталното здравје бидејќи сеуште постои стигмата кај народот. Ментално болните лица често се дискриминирани и често другите ги избегнуваат.  Овие ѕвезди го скршија мразот со цел да ги охрабрат сите кои почуствувале нешто необично кое би било знак за ментално растројство да не се двоумат туку да позборувааат со некој за тоа и да се обратат на вистинското место и да побараат професионална помош.  Еве ги нивните приказни:

Леонардо Ди Каприо-( OCD) Обсесивно компулсивно растројство

Глумецот  Ди Каприо со ова растројство се борел уште во детството, а снимањето на филмот ,,Авијатичарот” допринело до негово повторно активирање. Тој додека се движел до сценатa,,морал” да оди наназад да влезе и да излезе. Ова растројство всушност претставува повторување на некои работи како тропкање, движење кое што за личноста претставува ритуал кој што мора да го направи. Значи кај овие лица постои обсесија и компулсија т.е. извршување на активноста со која лицето е ,,обседнато”.

Елтон Џон- Булимија

celebrity-mental-illness-awareness-54__880

Елтон Џон кој што важи за доста талентиран пејач  ширум светот страда од булимија. Признавајќи го тоа тој вели дека почуствувал големо олеснување. Булимијата е болест при која лицето после јадење намерно го повраќа изеденото.

Анџелина Џоли – Депресија

celebrity-mental-illness-awareness-43__880

,, Чувствував како да се движам низ некое мрачно место , неможев да станам насабајле од кревет, немав волја за ништо’’вели таа.

Депресијата  не е само чувство на тага, таа е одземање на волјата, оддалечување од околината и многу други работи кои можат да бидат минливи, но сепак треба да се побара помош, да се разговара за тоа, да се признае состојбата.

Деми Ловато – Биполарно растројство

celebrity-mental-illness-awareness-110__880

Биполарното растројство е растројство при кое што лицето искусува од депресија и тага па се до занос и возбуда. Тоа се лица кои често го менуваат расположението. Кај нив додека владее депресијата избегнуваат контакти со други лица, а пак додека владее манијата мислат дека се семоќни.

За Маријана Коцева - Штип

Можеби ќе ве интересира

Макало од лук

Потребни состојки: 2-3 главици лук 1 полно лажиче сол 400-600 мл масло ½ лимон – …