Почетна / Вести / Се асфалтираат улици во приградската населба Балканска

Се асфалтираат улици во приградската населба Балканска

Денешниот ден е од големо значење за населбата Балканска со тоа што дел од улиците денес беа асфалтирани, со што во иднина, во услови на врнежи од дожд или снег, нејзините жители нема да мораат да се движат по калливи улици.

Како што неодамна најавија од општина Штип, по асфалтирањето на улици во населбата Горна Железничка, денес и покрај врнежливото време започнаа активностите за уредувањето на улиците во приградската населба Балканска.

-Вкупната должина на улиците е 1000 метри со ширина на асфалтот од три метри. Инвестицијата на проектот изнесува околу два милиони денари – изјави Тоше Ѓоргиевски, вработен во Општина Штип.

Овие активности се од големо значење за жителите во населбата Балканска, бидејќи со години чекаат улиците да бидат асфалтирани. Откако ќе се заврши со асфалтирањето, се очекува да се реши проблемот со водата за пиење.

-Денес е посебен датум за населбата Балканска затоа што веќе се комплетира горниот дел на населбата со асфалтирање на скоро сите улици. Благодарност до градоначалникот на општина Штип, прим.м-р Илчо Захариев и до Советот на Општина Штип. Проблемот со канализацијата е веќе решен, се надеваме дека и остатнатите инфраструктурни потреби на граѓаните на населбата Балканска ќе се доуредат – како што е водата за пиење, за Балканска да заличи на она што е предвидено, една приградска населба со сите урбани потреби за граѓаните – истакна Трајче Димков, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Од ЈП „Исар“ дознаваме дека проблемот со водоснабдувањето ќе се реши во најскоро време.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Отворен е повикот за Ораторски денови на Славјански Универзитет

Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола …