Почетна / Живот / Секојпат кога мислите дека не сте доволно добри прочитајте ја приказнава !!!

Секојпат кога мислите дека не сте доволно добри прочитајте ја приказнава !!!

Многу одамна една стара жена одела секое утро по истиот пат за да наполни вода за пиење, готвење и  миење. Со себе носела две канти кои ги полнела со вода од реката. Едната канта била нова, а другата стара и со повеќе пукнатини низ кои  водата истекувала по патот до дома.

 

Еден ден додека одела по патеката до реката, старата испукана канта и рекла на жената:

,,Сакам да знаеш дека од мене истекува водата секое утро веќе со години. Многу ми е жал што ти го отежнувам животот. Ќе те разберам доколку ме замениш со нова канта ”

Жената се насмевнала и и одговорила :

,,Зарем навистина мислиш дека досега не ги забележав твоите пукнатини? Погледни го само прекрасното цвеќе кое израсна на патеката по која одам до реката. Семето јас го посејав но ти си таа која го полива секое утро”

 

 

 

 

 

За Маријана Коцева - Штип

Можеби ќе ве интересира

Заштита од убод на пчела

За повеќето луѓе убодот од пчела предизвикува само привремена болка и иритација на местото каде …