Почетна / Вести / СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ – БЛАГОВЕЦ, ЗА МНОГУ ГОДИНИ

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ – БЛАГОВЕЦ, ЗА МНОГУ ГОДИНИ

Денес, 7-ми април се празнува големиот празник –  Благовец. За овој празник се вели дека е  празник на радосната вест и на пролетната убавина. Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7-ми април според новиот, или на 25-ти март според стариот календар. Поради тоа што Благовец е благ ден тогаш, се верува дека и раната не боли па на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Во Гевгелиско ушите ги дупеле рано наутро уште додека не јаделе за да не добијат краста. Овој адет токму за овој празник со ставање на обетки кај малите деца се почитува многу во Македонија. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. За кукавицата се вели дека и таа радувајќи се на овој благословен ден отворала уста и кукала но никогаш не кукала пред Благовец како што пупал пупунецот. Вечно име на сите славеници. За многу години нека е денешниот празник, еден од најголемите празници пред Христовото Воскресение-Велигден.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …