Почетна / Вести / САБА – МЕСТО ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ: Од оваа година со големи ексклузувни поволности во Штип !!!

САБА – МЕСТО ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ: Од оваа година со големи ексклузувни поволности во Штип !!!

[sociallocker]Бидејќи средното образование е клучниот момент за вистиснки да го изгради својот интелектуален живот една млада личност во време на глобален пазар на работна сила, но и понатаму да се вклопи во високо образовниот систем, САБА е вистинското решение затоа.

Средношколската Академија за Бизнис и Администрација,успешно ја заврши учебната 2014/2015 година.Американскиот модел на образование се реализира преку формалниот и неформалниот дел на образованието во САБА.

Учениците во првата генерација, во прва година се запознаваат со предметот Основи на бизнис и Основи на право, и стекнатото знаење им помога да изберат една од четирите насоки,бизнис,администрација,информатика и туризам.Ова училиште се разликува од останатите поради можноста уште од средно образование да се определат за одредена насока во својот живот и за која ќе се стекнат со практични и теоретски знаења. Практичната настава се оддржува секоја година за секоја избрана насока преку различни организирани настани и проекти.САБА ги следи светските трендови од аспект на едукативните , образовни и бизнис јавни настани, овозможувајки им на учениците да бидат дел од истите. Еве само неколку од нив реализирани во последните неколку месеци:

Учениците активно учествуваа на работилниците организирани од Центарот за развој на ИПР,на Стратегијата за развој на туризмот 2015-2024 год.во Источен плански регион,и проектот за Вмрежување на мултимедијални центри во прекугранична соработка со Р.Бугарија.Посебна чест им беше средбата со високи дипломати од САД во Американското катче во Штип,

На Светскиот ден на Земјата планета,пред најмладите од градинките,учениците и професорите,најдобрите ученички на САБА Штип,ја прочитаа и предадоа Декларацијата за заштита на Земјата планета,на градоначалникот на Штип Прим-мр Илчо Захариев.

Потврдивме дека штипјани сме добри домаќини, кога за Пастрамалијадата учениците од САБА Скопје и Штип заедно ја вкусија штипската пастрамајлија. Токму на врвот на Исарот дознаа, дека секоја година традиционално ,на 22 Март граѓаните масовно се качуваат на Исарот и фрлаат 40 каменчиња за среќа.Овој обичај ЧЕТРСЕ, поради уникатноста е заштитен од Унеско.Со задоволство се реализира и посетата на црквата Пресвета Богородица и Св.Никола и галеријата,Ректоратот на УГД,спомен собата на Гоце Делчев.

Сите заинетересирани ученици што сакаат да го продолжат образованието во САБА Штип во втора година ,можат да се префрлат. да изберат една од четирите ниасоки и да се здобијат со диплома, асистент за бизнис,администрација ,информатика и туризам.Со стекнатата диплома можете да се запишете на државен или приватен универзитет во Македонија и надвор од државата.

Стручноста е Ваша иднина.[/sociallocker]

Инвестирајте во себе!

За Виктор Вукановски

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …