Почетна / Вести / Роденденска прослава со најчесто заборавените!

Роденденска прослава со најчесто заборавените!

Живееме во време на лудост и крутост. Критериумите на вредност се изобличени и минимизирани од секој аспект на нашето секојдневие. Подарувањето насмевка , љубов и кажувањето топол збор веќе се во заборав. Истите ги имаме едниствено во бледа слика под нашето небо низ проекциите на филмското платно и некоја сказна која ќе ни ја прераскажат по-возрасните.

Среќата ја бараме во крупноста , во материјалноста и се разбира во елитноста , не успевајќи да се вразумиме и разбудиме од далеку реалниот сон   во кој упорно мечтаеме на ова подневје.

Тежината на луѓето ја мериме според длабочината на нивните џебови , а не според плиткоста или не плиткоста на нивниот разум. За да се вреднува едно добро , неопходно е да се почувствува лошо , за да се цени среќа е неопходна тага и така до недоглед.

Во потрага на совршенство и во потрага на промена е потребно секој да  тргне од самиот себе. Трезноста во самите нас е од фундаментално значење за подобра иднина , за по пристојна сегашност и за заборав на едно болно минато. Продуктивноста во општеството зависи од нас , ова ќе го потркрепиме со навидум едноставен , но далеку од секојдневен гест.

Денес во центарот на деца со посебни потреби се подарија среќни моменти исполнети со љубов од срце и среќа благотворна за душа. Основачот на здружението Цивитас , Мартин Ѓорѓиев уште еднаш ја покажа својата големина , прославувајќи го по втор пат својот роденден со најискрените и најблагодарните.

Ова е фасцинантен гест за пример кој е неопходен за самопросветлување и разбистрување на секој од нас, затоа што единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото!

 

За Виктор Вукановски

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …