На 2-ри Јуни 2018г. во НУ-УБ Гоце Делчев во Штип се одржа промоцијата на двете нови книги на поетесата и просветен работник Виолета Тодева-Мијалкова насловени ,,Мирисот на кожата” и ,,Маска. Рецензенти на овие дела се Горан Анчевски и Валентина Ѓорѓиевска Парго. Модератор на самиот настан беше Виктор Вукановски, а со 3 песни се претстави и хорот ,,Распеани штипјани” во кој и самата членува. Читањето на делови од книгите беше пропратено со пркрасните звуци на гитарата на Т.Рунчев и кавалот на Марио И. Цивитас имаше огромна чест да биде дел од оваа прекрасна промоција полна со емоции. Две одлични книги во кои поетесата ја разголува душата и се читаат во еден здив.
