Почетна / Рецепти / Природен лек против кашлица за сите членови на семејството

Природен лек против кашлица за сите членови на семејството

Состојки за домашен лек против кашлица

– Мед

– Црна ротквица

Постапката на подготовка за лекот против кашлица

1. Издлабете го внатрешниот дел на ротквицата.

2. Во издлабениот дел сипете мед (водете сметка дека ротквицата ќе пушти сок и затоа не ја исполнувајте шуплината до самиот врв).

3. Ставете ја ротквицата во доволно широк сад кој ќе ви послужи како тацна

4. Оставете ја да отстои преку ноќ на собна температура

5. Добиениот сируп наутро пресипете го во сад со капак.

Бидејќи медот е збогатен со соковите од ротквицата нема нуспојави, можете да го пиете по ваша желба – на секој час, по „нападот“ на кашлица и секако пред спиење, со цел да го смирите грлото. Овој сируп е погоден за децата од најрана возраст.

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Oвој природен лек против кашлица мора да го направите

Со помош на овој сируп веднаш ќе ја запрете кашлицата и на своето тело ќе …