Почетна / Магазин / Предлог книга / Предлог книга: “Точка на измама” – Ден Браун

Предлог книга: “Точка на измама” – Ден Браун

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата “Точка на измама” – Ден Браун  . Книгата можете да ја најдете во книжарницата на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Трилер различен од сите што сте ги прочитале до сега… Кога сателитот на НАСА ќе открие зачудувачки редок објект закопан длабоко во арктичкиот мраз, вселенската агенција, оптоварена со проблеми, ќе ја објави својата толку потребна победа – победа со длабоки импликации кон политиката на НАСА и за престојните претседателски избори.

За да се потврди автентичноста на откритието, Белата куќа се повикува на способностите на разузнавачкиот аналитичар Рајчел Секстон. Придружувана од тим експерти, вклучувајќи го и харизматичниот Мајкл Толанд, Рејчел патува на Арктикот и го открива незамисливото: докази за научничко лукаство – дрска измама што се заканува да го нурне светот во контроверзии.

Но пред да може да го предупреди Претседателот, Рејчел и Мајкл паѓаат во заседа на смртоносен тим атентатори. Борејќи се да си го спасат животот во пуст предел, опасен по живот, нивна единствена надеж за опстанок е да откријат кој стои зад оваа вешта измама. Вистината, како што ќе дознаат тие, е најшокантна измама.

… историско, но модерно! Социолошко, а истовремено политичко. Суптилно, романтично. На моменти, комично.

Совршено.

Дали волјата за моќ познава некаква форма на граници? Или поточно, во хиерархијата на вредности, каде стои семејството, или љубовта? Правдата, достоинството? Или сѐ се сведува на точка на измама…

Уникатно трилер ремек – дело, кое не поминува незабележано во психата на читателот.

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Предлог книга: „Прва брачна ноќ“ – Софи Кинсела

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата  „Прва брачна ноќ“ – …