CIVITAS
Предлог книга

Предлог книга “Пријатели до гроб”

Издавачката куќа Меѓународен Центар на Славјанска Просвета, која е со седиште во Свети Николе, како предлог книга и книга на денот, за убав почеток на оваа недела ви ја нуди книгата “Пријатели до гроб” од  Неле Нојхаус од издавачката куќа “Матица”.

Кратка содржина:

Чуварот на зоолошката градина Опел во Таунус ,открива нешто страшно : во живеалиштето на слоновите лежи човечка рака. Трупот го пронаоѓаат инспекторот Оливер вон Боденштајн и неговата колешка Пија Киркхоф од криминалистичка полиција во Хофхајм на свежо искосениот тревник,наспроти зоолошката градина..Мртовецот е учител и жесток борец за заштита на животната средина,а учениците исклучително го ценеле поради неговата харизма ,но некои граѓани го мразеле . Дали тука се крие мотивот за убиството?

Оваа книга, како и многу останати, кои можат да ѓи красат вашите полици и да ја разбуричкаат вашата фантазија, може да се најдат во книжарницата на МЦСП во Свети Николе. Исто така МЦСП врши достава за вистинските љубители на книгата.

Related posts

ВТОРИОТ КРУГ НА МОЌТА – Карлос КАСТАНЕДА

ПСИХОЛОГИЈА НА СОНОТ

ЗАТОЧЕНИК НА НЕБОТО – Карлос Луиз Зафон

Leave a Comment