Почетна / Магазин / Предлог книга / Предлог книга: “Паднатите ангели” – Тара Хајланд

Предлог книга: “Паднатите ангели” – Тара Хајланд

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата  “Паднатите ангели” – Тара Хајланд. Книгата можете да ја најдете во книжарницата на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Семејна сага што ќе ве одведе на едно прекрасно патување во Ирска, продолжува во возбудливиот Лондон и преку златното доба на Холивуд завршува некаде во осумдесеттите години од минатиот век.

Една зимска ноќ во 1958 година, на прагот од портите на сиропиталиштето „Милосрдни сестри“, оставено е женско новороденче.
По една година, филмската ѕвезда Френсиз Фицџералд ќе настрада во сообраќајна несреќа. Сите се сомневаат дека нејзиниот богат сопруг знае нешто повеќе околу трагичната несреќа.

Кара, ќерката на Френсиз, после долги години решава да ја открие мистеријата. По тешкото детствто поминато во сиропиталиштето , младата жена станува успешна новинарка. Меѓутоа постојано се бори со траумите од младоста. Животот ја научил никому да не му верува. Решава, за да ги победи траумите и проблемите, да ја открие тајната за смртта на мајка си. Кара тргнува по вистината, не мислејќи дека тоа може целосно да ја уништи…

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Предлог книга: “Дневникот на длабоките тајни” – Верица Мукоска

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата “Дневникот на длабоките тајни” …