Почетна / Магазин / Предлог книга / Предлог книга: “Пабло Неруда – Страст за животот” – Адам Фајнстајн

Предлог книга: “Пабло Неруда – Страст за животот” – Адам Фајнстајн

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата “Пабло Неруда – Страст за животот” – Адам Фајнстајн . Книгата можете да ја најдете во книжарницата на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Повеќе од триесет години по смртта на Пабло Неруда неговата поезија продолжува да се чита низ целиот свет. Се движи во огромен опсег – од лиризмот на Дваесет љубовни песни и една безнадежна до епската широчина на Сеопшта песна.
Малкумина добитници на Нобеловата награда уживаат толку широка и трајна популарност.
Во оваа прва авторитетна биографија која излегува на англиски јазик, Адам Фајнстајн изложува информативни интервјуа со најблиските пријатели, соработници и живи роднини на поетот, како и новооткриени документи.
Го следи животот на Неруда од неговото болежливо детство во Чиле, преку
политичкиот ангажман и книжевна слава, па сè до неговата смрт во 1973 г. во деновите на пучот кој го донесе Пиноче на власт.
Оваа биографија е прв потполн и живописен портрет на човекот чиј драматичен живот, динамична поезија, посвете- ност кон социјалната правда и животна радост го чинат него- виот живот симбол на целиот дваесетти век.

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Предлог книга: „Прва брачна ноќ“ – Софи Кинсела

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата  „Прва брачна ноќ“ – …