Почетна / Магазин / Предлог книга / Предлог книга: “Лорд Морд” – Милош Урбан

Предлог книга: “Лорд Морд” – Милош Урбан

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата “Лорд Морд” – Милош Урбан  . Книгата можете да ја најдете во книжарницата на Меѓународниот Славјански Универзитет.

При крајот на XIX век во Прага пламти конфликтот меѓу Чесите и Германците, се модернизира еврејскиот дел од градот, глодан од глувци, туберкулоза и други епидемии. На грофот Арцо, наречен Лорд Морд, му пречи што омилениот дел од метрополата му исчезнува пред очи и решава да спаси барем еден објект на тој начин што ќе го купи и ќе одбие да се исели. Прашката администрација му испраќа свои луѓе, првин со добро, а потоа и со лошо.

Во меѓувреме почнуваат да се случуваат убиства на проститутки. Дел од луѓето сметаат дека ноќе шета еврејското чудовиште, монструмот без лице, наречен Мевце, или Клајнфлајш. Други сметаат дека поврзаноста меѓу злосторствата е нешто што треба дополнително да се истражува.

Иако е човек со принципи, грофот Арцо посетува бордели, пиејќи апсинт и мислејќи дека така ќе најде лек за своето влошено здравје. Кога неговата љубовница е пронајдена мртва, тој е вовлечен во настани што го оддалечуваат од боемската идила.

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Предлог книга: „Прва брачна ноќ“ – Софи Кинсела

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата  „Прва брачна ноќ“ – …