Почетна / Вести / Прв отворен ден на Славјански

Прв отворен ден на Славјански

Вчера се одржа првиот отворен ден на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе за 2019 година. Годинава за прв пат на Меѓународен Славјански Универзитет, беше организиран отворен ден во форма на саем, со 15 работилници. 15 отворени и забавни работилници започнаа истовремено со работа и преку нив заинтересираните матуранти се запознаа со наставни програми на Универзитетот , си ѓи проверија своите знаења и добија совет за своите идни кариери. Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.

Вчера работилниците се одржаа во две групи, односно во првата група гости беа матурантите од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе, САБА, СМУ „ Сергеј Михајлов“, ДЕМУ „Коле Нехтенин“, СОУ „Јане Сандански“ и СУ „Димитар Мисарчев“ од Штип, а во втората група гости беа матурантите од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, Гимназија „Годе Делчев“, СУ „Гоце Делчев“, СУ „Киро Бурназ“ и СОУ „Перо Наков“ од Куманово.

За Ивона Стевановска

Можеби ќе ве интересира

Јавен час на ЕУРОАРТ. Членови на ПОРАКА – добитници на ГРАН ПРИ. За ЦИВИТАС – благодарница

Членовите на АКАДЕМИЈАТА ЕУРОАРТ – Штип, во соработка со Основното општинско училиште ,,Славејко Арсов”, одржаа …