Почетна / Вести / По најавата за обилни врнежи ЦУК со апел до граѓаните и надлежните органи

По најавата за обилни врнежи ЦУК со апел до граѓаните и надлежните органи

По најавата на Управата за хидрометоролошки работи за обилни врнежи од дожд особено во западните и источните подрачја, каде се очекува локално да наврнат и над 40 л/м2 за период од 24 часа, Координативното тело на Центарот за управување со кризи упати препораки до Единиците за локална самоуправа, при што се апелира:

– Градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси, да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат претставниците од Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи, додека градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување. Воедно, градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови, континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите – апелираат од ЦУК.

За да не се повтори ситуацијата од лани, општина Штип веќе одамна започна со чистење на коритото на река Брегалница.

Инаку, утре во општина Кочани ќе се одржи завршна презентација од Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница, на која ќе биде претставена финалната верзија на овој проект, кој е финансиран од Швајцарската влада, а имплементиран од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …