Почетна / Магазин / Поезија и проза / ПОСТОИШ ВО СЕКОЈ ОБЛИК на Виолета Тодева-Мијалкова

ПОСТОИШ ВО СЕКОЈ ОБЛИК на Виолета Тодева-Мијалкова

Излезе од печат уште една нова книга на поетесата Виолета Тодева-Мијалкова. Ова е нејзина лична книга-поезија која овојпат го носи насловот „ПОСТОИШ во секој облик“, и е посветена на ангели во човечки лик, т.е. на нејзините  неизмерно сакани внуци Петар Валентино и Никола. Самата книгата е богата со нејзини лични творби, со богати стилско израсни средства. Вреди да се прочита оваа книга-поезија.

Самиот автор за книгата изјавува:
…Сите облици мои, со тебе беа исполнети. Но сега Ти, ти немаш облик, ти си без облик…и еве, те има, насекаде околу мене…и милост си, блаженство си, љубов си, среќа си…
Ти си единствениот облик на хоризонтот, во светот мој, што според Тебе и за тебе го создадов Јас !
И Постоиш во сите облици !
Ако Човек во било кој облик, се пронајде во говорот на мојата душа, парче од срцето му посветувам и нему. Благодарност, на рецензентот, на печатницата, на сите кои ме мотивираат. 

За промоцијата јавноста ќе биде достојно известена. Виолета не престанува со пишување и со промовирање на некој следни дела. Честитки од целиот тим на Цивитас.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

Предлог книга: „Прва брачна ноќ“ – Софи Кинсела

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата  „Прва брачна ноќ“ – …