Подобрување на имунитетот на децата

0
73

Денешните деца се жртви на лошата исхрана со многу масти,газирани пијалоци,слатки, а сето ова води до слаб имунолошки систем.Некои доктори сметаат дека шест до осум настинки годишно се нормални. Но, постојат здрави навики кои можат да помогнат да го подобрите детскиот имунитет.Добрата исхрана е клучна за развој и одржување на имунолошкиот систем. Најважни минерали се селен,цинк, железо, бакар , магнезиум и истите може да ги примаат преку свежиот зеленчук и овошје и интегрални житарки.

Витамин B1 
Помага во раст и развој, добар е за срцето и нервниот систем,го има во сувиот квасец,зоб,пченица, во зеленчукот, во млекото.

Витамин Ц
Го има во агрумите(лимон,портокал,цитрон),во зрнестото овошје, во киви, во зелениот лисест зеленчук.

Витамин Е

Добар е за црвените крвни зрнца, го успорува стареењето на клетките
Се наоѓа во растителните масла(особено во сончогледовото и маслиновото), во интегралните зрна, во сојата, оревите.

Витамин B12

Помага при стварање на црвените крвни зрнца,го помага растот, го држи нервниот систем во рамнотежа, го подобрува памтењето
Го има во говедското месо,во џигерот, јајцата,млекото, сирењето.