Петта изложба на Верче Андонова за само неколку месеци

0
613

Закажана е 5-та по ред изложба на Верче Андонова и овојпат изложбата е во комплетна организација на Здружението Цивитас и Ну-УБ  Гоце Делчев Штип, а ќе се одржи во просторииите на Домот на културата ,,Наум Наумовски Борче” во Крушево. Верче е лице со посебни потреби и е член на ЦПЛИП ,,ПОРАКА” Штип од која што неизмерно е подржана, а нејзините приjaтели од ЦПЛИП ,,Порака” Штип ја придружуваат на секоја нејзина изложба. Ова беше една неостварена желба на Верче која се занимава со цртање на посебна арапска техника  за која Цивитас во подршка со многу организации се погрижи да ги реализира во текот на 2018 г. Само пред неколку недели благодарение на Меѓународниот Славјански Универзитет Г. Р. Державин беше организирана изложба на Верче во просториите на Универзитетот во Битола, а само поред неколку месеци истата изложба беше организирана во Св. Николе во Фоајето на Универзитетот кој се покажа како голем домакин и широко ги отвари вратите за сите граѓани а посебно кога се работи за лица со посебни потреби.  Во Април  беше организирана изложба и во Домот на Културата во Кратово а нејзината првата изложба беше отворена токму во Ну- УБ  Гоце Делчев во Штип. Здружението Цивитас е благодарно на сите институции и организации кои се вклучија во реализација на овие пет прекрасни настани меѓу кои ЦПЛИП Порака Штип  Мегународен Славјански Универзитет, НУ -УБ Библиотека Гоце Делчев Штип, Домот на Културата Кратово, Дом на Културата Крушево како и на сите оние кои со своето присуство го збогатија настанот.