Почетна / Вести / Паркинг платформата во центарот на Штип во завршна фаза

Паркинг платформата во центарот на Штип во завршна фаза

Изведбата на паркинг платформата во централното градско подрачје е во завршна фаза. Веќе се поставени бетонските платоа, а деновиве ќе се работи на уредување на тротоарот.

-Ќе започнеме со насипување на тротоарот помеѓу потпорниот ѕид и улицата и до крајот на неделата веќе ќе го добиеме изведен тротоарот во целост, планираме да го направиме со бехатон плочки, да изгледа уште поубаво – изјави Нада Наџинска, архитект во Општина Штип.

20-07 PLATFORMA OD MOSTOT

Според проценките на Наџинска, платформата треба да биде завршена до средината на наредниот месец, по што Штип ќе добие нови 15 места за паркирање во центарот.

Со оглед на тоа што реконструкцијата на паркинг платформата е целосно финансирана од општинскиот буџет, новите паркинг места ќе бидат на располагање на сите граѓани.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …