Почетна / Вести / ОХРИД ПРЕПОЛН СО ТУРИСТИ ЗА ПРВОМАЈСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

ОХРИД ПРЕПОЛН СО ТУРИСТИ ЗА ПРВОМАЈСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Македонскиот бисер градот Охрид за првомајските празници веќе е преполн со огромен број на туристи каде покрај домашните туристи се забележуваат и оние од нашето соседство. Најбројни се од Данска , Израел , Холандија, Швајцарија, Полска, Романија, Србија, Албанија и Бугарија.Како и секоја година и оваа следува продолжен викенд каде туристите ќе имаат можност да уживаат во преубавата глетка на Охрид, да ја вкусат охридската пастрмка и македонските вина и специјалитети и да крстарат по Охридските бистри води. Метеоролозите најавуваат убави и сончевни првомајски денови. Туристите може да престојуваат преку резервациии во хотелското но и во приватното сместување. Сепак Охрид располага со голем број на елитни хотели, ресторани и кафичи. Гостите ќе имаат можност да ги видат убавините на Македонија и убавините и значајните места во Охрид.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …