CIVITAS
Вести Македонија

Отворен е повикот за Ораторски денови на Славјански Универзитет

Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола објавуваза Петтите ОРАТОРСКИ ДЕНОВИ кои ќе се одржат на 18 април 2019, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола. Може да учестуваат студентите од сите универзитети во Република Северна Македонија. Студентите може да студираат на прв или втор циклус студиитемата е „Клучни говори од историјата“  Онлајн пријавување до недела, 10.03.2019 прелиминарна аудиција: петок, 05.04.2019 од 12:00 часот во Свети Николе. Финале: четврток, 18.04.2019, 19:00 часот во Битола награди за прво, второ и трето место.


Годинава темата на настанот е „Клучни говори од историјата“.

  1. Од студентите се очекува да подготват познат историски говор или извадок од говор, не подолг од 5 минути. Содржината на говорот може да биде еден од трите видови говорништво (судско/форензично, политичко/делиберативно и пригодно/ епидеиктично). Избраниот говор треба да биде прикачен во апликацијата која е дадена подолу.
  2. Може да се аплицира најдоцна до 10.03.2019.
  3. Комисијата го разгледува говорот и потврдува дали говорот ги исполнува условите најдоцна до 22-ри март 2019.
  4. Кандидатите кои ќе бидат избрани, ќе бидат поканети на прелиминарна аудицијакоја ќе се одржи на МСУ во Свети Николе на 5-ти април 2019.
  5. Според покажаниот успех на прелиминарната аудиција,  комисијата може да го одобри или одбие учеството на кандидатот на финалето на настанот.
  6. Кандидатите кои ќе покажат успех на прелиминарната аудиција ќе можат да продолжат во финалето.
  7. Комисијата во финалето избира тројца победници.

 


Членови на комисија ќе бидат во состав од :

  • проф. д-р Иван Ефремовски, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
  • доц. д-р Гергана Дјанкова, Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград
  • доц. д-р Јагода Митревска, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
  • двајца членови од Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново

Награди:


Прво место: Златна плакета, лаптоп и комплет книги
Второ место: Сребрена плакета, таблет и комплет книги
Трето место: Бронзена плакета и комплет книги

Инаку како што веќе напоменавме комисијата е од меѓународен состав и оваа година Славјански Универзитет очекува голем број на  квалитетни кандидати, бидејки оваа година можат да земат учество и студенти од друѓи Универзитети.

Related posts

ИЗЛОЖБА НА ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА- ОЛД ТАЈМЕРИ

НА ОВОЈ ДЕН ГО СЛАВЕВМЕ ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ОРНЕЛА ЈОРДАНОВСКА