Почетна / Вести / Општина Карбинци објави оглас за оттугување на 5 парцели кои се наогаат во индустриската зона

Општина Карбинци објави оглас за оттугување на 5 парцели кои се наогаат во индустриската зона

Општина Карбинци објави оглас за оттугување на 5 парцели кои се наогаат во индустриската зона. Парцелите се со површина од 1800 до 2500 метри квадратни, а почетната цена е 118 денари по метар квадратен.

Зоната која се наоѓа на просторот меѓу Таринци и Долни Балван е инфраструктурно уредена. Заинтересираните инвеститори ќе можат да градат објекти од лесната и незагадувачка индустрија, но и од сите други дејности.
Во Карбинци паралелно треба да се активира уште една зона, која се наоѓа во центарот на општината.
Во новата зона неодамна почна изградбата на првиот објект, нова бензинска пумпа. Локалната самоуправа очекува зголемен интерес за отворање на нови капацитети, со што ќе се подобри вкупниот стопански амбиент во оваа мала општина.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …