Почетна / Вести / Општина Карбинци доби нова детска градинка

Општина Карбинци доби нова детска градинка

– „Општина Карбинци е пример за една мала општина од истокот на државата која што се развива и во која се гради. Со упорноста на градоначалникот Минов и неговиот тим денес општината доби нов и современ детски објект.“ – ова денес го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, општина Карбинци.

Ова е деветтата градинка по ред која е отворена годинава и која ќе го реши проблемот на згрижување на децата од неколку села во регионот.

Покрај општина Карбинци, наредната 2016 и Штип треба да добие нова детска градинка, истовремено се врши изградба на нов објект и во Оризари, Кочанско и општина Делчево.

Инаку, последните неколку години отворени се над 40 детски градинки и уште 25 приватни, што претставува значително зголемување на постоечките капацитети за згрижување на деца во предучилишна возраст.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …