Почетна / Живот / ОМ – фундаментална вибрација

ОМ – фундаментална вибрација

Звукот е една од формите на енергија што имаат големо влијание врз човекот. Уште од најраните форми на своето постоење, уште кога е во фаза на ембрион во мајчината утроба, човекот е чувствителен на звукот, што го прима во вид на вибрации и реагира на него. Исто така, познато е дека различни звуци имаат различно дејство врз растителниот и животинскиот свет. Се’ во природата произведува звуци, сите живи форми се емитувачи и рецептори на звуци. Влијанието од звуците е толку големо што остава неизбришливи траги во свеста на човекот и кај сите други живи форми.

Важноста на звукот и неговите основни вибрации биле истражувани и објаснети во детали во индиска смисла. Во еден текст се вели дека звукот е специфичен квалитет на универзумот. Јогискиот систем СПОТИВАДА ( метафизиката на звукот ) ги содржи сите стимули на универзумот – од најсуптилната идеја      ( менталната активност )  до грубите форми на материјата. Сето тоа е производ на коагулација од едноставни или комплексни комбинации на звучни вибрации со различна концентрација, фреквенција и бранова должина. Секој објект  има свој карактеристичен звук како придружник на неговата енергија.

ОМ, АУМ

Од научна гледна точка, АУМ ја претставува фундаменталната вибрација на космосот, тоа е универзален звук. Според санскритската фонетика, кога А и У се наоѓаат едно до друго, се изговараат како О. Уште го нарекуваат и крал на мантрите ( една од најстарите техники за будење на свеста/ санскритски слогови или зборови, фрази ). ОМ е многу близок до христијанското “амин”, во исламската традиција велат “амеен”, а во еврејската “амен”.

Вистинскиот ОМ се искусува на висок степен на свесност…Секој дел од АУМ има свое значење:

А – тело, еволуција, БРАМА, будна состојба

У – психа, одржување, ВИШНУ, сон

М – дух, распаѓање, ШИВА, длабоко спиење

Четвртиот стадиум се нарекува ТИРЈА и е надвор од секаква концептуализација, ја претставува тишината по изговарањето на “М” и пред повторното започнување на целиот процес.

ОМ е составен од осум суптилни звучни елементи:

  1. А
  2. У
  3. М
  4. БИНДУ, назализација
  5. НАДА, звук
  6. КАЛА, траење
  7. КАЛАЛИТА, вибрација
  8. безвременска резонанција

Влијание врз телото и умот

Дејствата од изговарањето на ОМ се многу бројни, дејствува телесно, психички, ментално и духовно. Изговарањето на ОМ го исполнува целото тело со нова животна енергија, доведува до мир и задоволство. Дејствува превентивно и ублажува многу психосоматски нарушувања. Претставува еден од најмоќните методи на брзо релаксирање на телото и на умот, а го релаксира секој атом. Гласот станува кристално јасен, чист, решителен и сигурен. Посебно значајно е вибраторното дејство – при неговото изговарање вибрира целиот костур на градниот кош, што доведува до подобра размена на гасовите и дејствува врз ендокрините жлезди. Во целото тело се зголемува количеството на кислород. Вибромасажата, која е резултат на емитувањето на вокалите АУ, е посебно важна за органите во градниот кош и абдоменот. Со изговарањето на ОМ се подобрува концентрацијата. Ослободува од депресија воспоставувајќи психичка рамнотежа. Задоцнетото “М”, кое вибрира во главата, прави да вибрираат и мозочните нерви.

За Ивана Бондиќова

Акаталептичен студент на психологија кој во слободно време сака да пишува за душевноста, холизмот, здравиот начин на живеење, правилната исхрана и сл. Алергична на интриганти и швиндлери

Можеби ќе ве интересира

За 7 дена изгубете 3 килограми без напор и вежбање

Ако се држите до овие правила за кратко време и без многу напор ќе постигнете …