Почетна / Вести / Од утре муслиманите го празнуваат Курбан Бајрам

Од утре муслиманите го празнуваат Курбан Бајрам

Муслиманите во светот и кај нас се подготвуваат за прославата на Курбан Бајрам, големиот исламски празник кој започнува утре и трае во наредните седум дена. Познат како празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан во вид на добиток, јагне, овца или крава – со симболика, приближување кон Бога.

23-09 МУФТИЈА ИСА ИСМАИЛИ
-Таткото на сите последни вери му било наредено да го заколи единствениот син, Исмаил. Тој му кажал на синот и Исмаил рекол штом Бог ти наредил, јас се согласувам. Но, Бог му пратил еден овен, да го жртвува на местот на синот. И тоа останало се` до судниот ден, на местотот на човекот да се жртвува со пуштање крв од овца или крава – појаснува муфтијата за Источниот регион, Иса Исмаили.
На првиот ден од празникот во џамија се изведува молитвата за Бајрам или Бајрам намаз, со која верниците бараат милост.
По утринскиот намаз од џамијата, домаќинот се враќа дома и го извршува курбанот на самиот ден од празникот, а откако ќе се принесе жртвата, со оглед на тоа дека цената на добитокот за курбанот достигнува и до 200 евра, традиционално, сите кои имаат можност за тоа, дел од месото го раздаваат на сиромашни семејства.
За муслиманските верници не постои поделба, и токму затоа, дел од курбанот им даваат и на семејства од православната веросиповед. Овој чин кај нив е наречен Садака.
-Месото треба да се дели на три дела, едниот дел на соседите, без разлика на вероисповед, нација или јазик, вториот дел на сиромашните, исто така без разлика на вероисповед, нација или јазик и еден дел останува за домашните. Ако имаат доволно, во тој случај и нивниот дел го делат, а освен месо, на оние кои немаат, за Курбан Бајрам им даваат и парична помош, за и нивните деца да можат да се облечат како останатите – истакна муфтијата Исмаили.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно Законот за празниците на РМ, утрешниот, прв ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед во Република Македонија.

За Канал Плус Телевизија

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …