Почетна / Живот / Овој викенд – Блу Бенд најавува музички оган и спектакуларна саботна вечер во Џет Кафе!

Овој викенд – Блу Бенд најавува музички оган и спектакуларна саботна вечер во Џет Кафе!

Овој викенд Џет Кафе го претставува препознатливиот Блу Бенд составен од пет музички образовни момци, уметници кои каде и да се појават предизвикуваат внимание, расположение и насмевка кај секој присутен.

Во оваа претстојна саботна вечер, Џет Кафе има резервирано место за сите кои музиката ја перцепираат како живот, а животот како музика.

Бојан, Димитар, Зоки, Диме и Марко ветуваат музички „оган“ и спектакуларна вечер преку звуците на Балканската поп и рок музика.

Џет Кафе и Блу Бенд гарантираат насмеани лица, исполнети со љубов и среќни моменти, присуството е задолжително!

За Виктор Вукановски

Можеби ќе ве интересира

Отворен е повикот за Ораторски денови на Славјански Универзитет

Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола …