Почетна / Магазин / Предлог книга / Новото дело на фасцинантниот Гијом Мисо

Новото дело на фасцинантниот Гијом Мисо

Како предлог книга за денешниот ден ви го нудиме новото дело на легендарниот и фасцинантниот француски автор Гијом Мисо , кој пред неколку години, направи потполно неочекуван, но забележителен настап на светската книжевна сцена, освојувајќи ја публиката и критиката со својот едноставен убедлив стил, со кој грижливо ги истражува комплексните поими, време и судбина. “Девојката и ноќта” е уште едно фасцинантно дело на маестралниот Мисо.

Кратка содржина:
Кампусот на едно престижно средно училиште е завеан во снег. Тројца пријатели ќе бидат поврзани со една трагична тајна. Една млада жена исчезнува во ноќта.
Француската ривиера, зима 1992 година. Кога подготвителната школа е затворена поради снежната бура, Винка Роквел, 19-годишна, една од најсолидните ученички во нејзината генерација на програмата за пост-бакалауреат, бега со својот професор по филозофија со кого таа има тајна врска. За Винка, „Љубовта е сѐ, или ништо”. Никој нема да ја види повторно… Француската ривиера, пролет 2017. Некогаш неразделните Манон, Томас и Максим (најдобрите пријатели на Винка) немале никаков контакт меѓу себе по завршувањето на средното училиште. Тие се сретнуваат за првпат по 25 години, на собирањето по повод средношколскиот јубилеј. Кога тие беа ученици, под ужасни околности, тројцата пријатели извршија убиство и го сокрија телото во ѕидот од спортската сала во нивното училиште. Сега салата треба да биде срушена за да се направи место за новата училишна зграда. Одеднаш ништо не може да ја спречи вистината да излезе на виделина. Вознемирувачката, болна, ѓаволска вистина..

Ова маестрално дело кое произлегува од Мисо , како и многу останати, кои можат да бидат дел од вашата домашна библиотека , може да се најдат во книжарницата на МЦСП во Свети Николе. Исто така МЦСП врши достава за вистинските љубители на книгата.

 

За Ивона Стевановска

Можеби ќе ве интересира

Предлог книга: „Прва брачна ноќ“ – Софи Кинсела

Меѓународен Центар за Славјанска Просвета  и Цивитас.мк Ви ја предлага книгата  „Прва брачна ноќ“ – …