Почетна / Вести / НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАСТАН: САЕМ НА РАКОТВОРБИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

НЕСЕКОЈДНЕВЕН НАСТАН: САЕМ НА РАКОТВОРБИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

На 23-ти април, сабота, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе (во конгресната сала на Ресторан Москва) во 13:00 часот ќе се одржи мал САЕМ НА РАКОТВОРБИ насловен „Жената – корен на традицијата“.

Ова ќе биде еден вид изложба на ракотворби од жени од македонска и руска националност, кои со својата умешност создаваат уникатни примероци на народни везови, кутии за накит, филигран, слики изработени со срма до пирографија, монистра, филц и посебни техники кои досега не се презентирани.

Ракотворките се афирматори, презентери и амбасадори на своето културно и национално богатство.

Настанот ќе биде збогатен со културно – уметничка програма со руски репертоар.

За Мартин Ѓорѓиев - Штип

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа летното сметање на времето!

Во последниот викенд во март 2019-та година, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти …