На кои заболувања може да укажуваат вишокот килограми?

Многу здравствени нарушувања може да предизвикаат вишок килограми, но и зголемувањето на телесната тежина може да биде знак на некое заболување.

na-koi-zaboluvanja-mozhe-da-bide-znak-vishokot-kilogrami-01.jpg

Ако внимавате на исхраната, а не можете да се ослободите од ниту еден килограм, тоа може да ви каже дека со вашето тело нешто не е во ред и дека треба да посетите лекар.

Прочитајте во комбинација со кои други симтоми, прекумерната тежина може да биде знак за заболување:

1. Вишок килограми и константен умор може да укаже на проблеми со тироидната жлезда

Тироидната жлезда го контролира и регулира метаболизмот. Намаленото лачење на хормоните, може да предизвика покачување на килограмите, но и намалена енергија, постојан умор и вртоглавици.

na-koi-zaboluvanja-mozhe-da-bide-znak-vishokot-kilogrami-02.jpg

2. Вишок килограми и нередовен циклус – полицистични јајници

Синдромот на полицистичните јајници станува многу чест кај младите девојки, па поради тоа се нарушува рамнотежата на естрогенот и тестостеронот. Исто така, оваа состојба предизвикува и нарушување на искористувањто на инсулинот, па оттаму доаѓа и вишокот колограми.

na-koi-zaboluvanja-mozhe-da-bide-znak-vishokot-kilogrami-03.jpg

3. Вишок килограми и стрес – депресија и анксиозност

Депресијата ги прави луѓето уморни и им ја одзема животната енергија, а секој налет на адреналин и кортизол предизвикува промена на расположението. Кога луѓето се под стрес, анксиозни или депресивни, настануваат многу промени на хемиско ниво. Секоја ваква состојба бара надзор од стручно лице.

na-koi-zaboluvanja-mozhe-da-bide-znak-vishokot-kilogrami-04.jpg

4. Вишок килограми по 40-тата година – симптом на менопауза

Доколку вишокот килограми необјасниво се појават во овој период, тоа значи дека настанале хормонални промени и потребно е да го прилагодите животниот стил на новонастанатата состојба.

na-koi-zaboluvanja-mozhe-da-bide-znak-vishokot-kilogrami-05.jpg

5. Необјасниво растење на стомакот, а сигурно не сте бремени – појава на тумори

Кога има тумор во матката или на јајниците, стомакот може необјасниво да порасне. Токму поради ова, редовните прегледи се задолжителни, особено по менопаузата, кога ризикот за развој на малигни заболувања на репродуктивниот систем е поголем.