Почетна / Вести / На денешен ден / НА ДЕНЕШЕН ДЕН НИЗ ИСТОРИЈАТА…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН НИЗ ИСТОРИЈАТА…

1833 Во Нови Сад е роден Јован Јовановиќ – Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар. Главни негови дела се „Пејанија“, „Трендафилчиња“ и „Свенати трендафилчиња“. Умре во Сремска Каменица, на 3 јуни 1904 година.
1859 Објавена е епохалната книга на англискиот природонаучник Чарлс Дарвин „Потекло на видовите“ во која е изложена теоријата на еволуцијата.
1861 Роден е германскиот лекар Аугуст Карл Густав Бир, пионер на модерната хирургија. Неговиот пронајдок „лумбална анестезија“ прво го испробал на себе.

1961 Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика земјите-членки да ја направат Африка безатомска зона.
1963 Два дена по атентатот во Далас врз претседателот на САД Џон Кенеди, мафијашот Џек Руби го усмрти пред полициска станица осомничениот атентатор Лиј Харви Освалд. Атентатот во Далас остана мистериозен.
1974 Претседателите на САД и на Советскиот Сојуз, Џералд Форд и Леонид Брежњев, во Вашингтон постигнаа привремен договор за ограничување на офанзивното стратешко нуклеарно оружје.
1976 Во земјотресот кој го разруши градот Муради во источна Турција загинаа околу 5.300 луѓе.
1985 – Во Скопје умре Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Македонската научна и културна мисла загуби еден од нејзините двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика. Тој е еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје и пионер на просветата во Македонија. Обемното дело на академикот Љубен Лапе го сочинуваат околу 200 научни трудови. Роден е во Прилеп, на 11 октомври 1910 година.
1986 – Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје – Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 5 јануари 1981 година.
1989 По масовните демонстрации во Прага, раководството на Комунистичката партија на Чехословачка поднесе оставка, вклучувајќи го и генералниот секретар Милош Јакеш, со што од власта излегоа сите политичари кои соработуваа во воената интервенција на Варшавскиот пакт против Чехословачка во 1968 година.
1989 – Умре Благоја Нешковски, истакнат македонски режисер и писател. Најголемиот дел од својот живот го помина во Австралија, каде што работеше и на меѓународната афирмација на националната самобитност на македонскиот народ. Роден е во селото Оптичари, Битолско, во 1964 година.
1989 Во Скопје умре Александар Думов, доајен на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Како артист и режисер има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Роден е во Струмица, на 25 февруари 1923 година.
1992 Во најголемата забележана несреќа во историјата на цивилното кинеско воздухопловство, падот на авионот „боинг 737“ на југот на Кина не го преживеа никој од 141 патник и членови на екипажот.
1992 Во Скопје, во издание на „Интернационал“, излезе првиот број на независниот економски неделен весник во Република Македонија „Бизнис“. Првиот (пилот) број излезе на 5 ноември 1992 година.
1994 Во Скопје е отворена Амбасадата на Руската Федерација.
1995 Во Ирска гласачите со тесно мнозинство и покрај жестоката пропаганда на римокатоличката црква, на референдум изгласаа укинување на забраната за развод, која беше на сила 70 години.
1998 Генералот Емил Лахуд, првиот претседател на Либан по завршувањето на 15-годишната граѓанска војна ја презеде должноста шеф на државата.
2000 Во Загреб, Република Македонија ја парафира Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија се земјите од Европската унија.
2000 Во Скопје, на седницата на Извршната канцеларија на Демократска алтернатива, е донесена одлука оваа партија да ја напушти власта и „Коалицијата за промени“.
2001 Градот Кундуз, последното талибанско упориште во северен Авганистан, по 12 дена опсада падна во рацете на силите на Северната алијанса. Градот го бранеа околу 5.000 талибанци и околу илјада странски платеници.
2003 Во пожар во студенски дом на Универзитетот „Патрис Ламумба“ во Москва, на кој студираат главно странци, загинаа 42 лица, повеќето студенти од Кина, Бандгладеш, Виетнам и неколку африкански земји.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

НА ДЕНЕШЕН ДЕН НИЗ ИСТОРИЈАТА …

1862 Умре американскиот пронаоѓач Семјуел Колт. 1863 Во Лондон –  Велика Британија е пуштена во …