Почетна / Вести / МУЗИЧКО ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА

МУЗИЧКО ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА

Поетски поздрав на ЧЕТЕР’СЕ Штип. По повод денот на пролетта – 22 март и празникот Св.Четириесет маченици – кај штипјани познат како Четр’се Литературниот клуб Искра од Штип, за прв пат во неговото творење и постоење ја организира литературната манифестација – Поетски поздрав на Четр’се. Овој несекојдневен настан во градот Штип ќе се одржи на 22 март ( недела ). Право на учество ќе земат  ученици од неколку основни и средни училишта од градот, а според изјавата на претседателката на клубот Искра Благица Ефремова се поканети и други литературни клубови од нашата земја, со кој имаат добра соработка. До 14:00 часот гостите-учесници ќе бидат пречекани кај мостот на вљубените во Стар Конак. Читањето на стиховите –поезија ќе се одржи пред споменикот на НОБ на тврдината Исар. По завршувањето на поетското читање е закажана заедничка дружба со сите автори, гости и учесници во некој од локалите во градот Штип. Со оваа манифестација Искра го потврдува своето долгогодишно постоење, и надеж за понатамошни и успешни настани и организации поврзани со поезијата и прозата. Сите заинтересирани љубители на убавиот пишан збор ве очекуваме заеднички да се дружиме во недела, и да го збогатиме нашиот јазик со низа на убава и современа поезија. Ајде сите на Исарот. Изјавата на Благица Ефремова – претседател на Литературниот клуб Искра од Штип.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …