Почетна / Вести / МАЈА ВУКИЌЕВИЌ СО СПОТ ЗА ПЕСНАТА ПРАЗНИ БУЛЕВАРИ

МАЈА ВУКИЌЕВИЌ СО СПОТ ЗА ПЕСНАТА ПРАЗНИ БУЛЕВАРИ

Нашата Маја Вукиќевиќ деновиве повторно не изненади со еден невообичаен чекор. Популарната пејачка со нов спот го оживеа и врати во етерот нејзиниот голем макфестовски хит “Празни булевари“ кој го отпеа во 2013 година на Макфест. Маја и овој пат му остави на нејзиниот проверениот соработник Даниел Николовски да се погрижи за шминката и фризурата. Режисерската палка е на Бојан Стоилковски, а во спотот на Маја главната машка улога му беше доверена на манекенот Мики Недиќ кој заедно со Вукиќевиќ одлично се снајде во улога на партнер и заеднички пренесоа силни емоции во видеото за оваа прекрасна балада која повторно ќе се заврти во македонскиот етер. Погледнете го видео записот во продолжение.

За Милан Андонов - Штип

Можеби ќе ве интересира

За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Здравко Чолиќ

 Балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ,  повторно во Скопје, каде со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип …