Македонски научник e дел од ново астрономско откритие

0
132

За прв пат астрофизичарите најдоа доказ за експлозија на супернова која формирала неутронска ѕвезда која многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда.
Студијата беше предводена од тим од Caltech (Калифорнискиот институт за технологија), а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде во моментов работи македонката др. Тања Петрушевска. Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови.Во најголема мера, ѕвездите се изградени од наједноставниот елемент, водород, и светат поради термонуклеарната фузија која што се одвива во нивното јадро. Кога станува збор за ѕвездите и нивната судбина, се се сведува на нивната маса.Нашето Сонце е прилично досадна ѕвезда со помала маса, којашто ќе згасне за околу 5 милјарди години. Sвездите пак кои имаат 8 пати поголема маса од Сонцето, со текот на времето стануваат доволно топли за да извршат фузија на многу потешки елементи.Кога ќе се потроши нуклеарното гориво во нивното јадро, тие колабираат во супернова, при што се формира неутронска ѕвезда или црна дупка. Неутронските ѕвезди и црните дупки се неверојатно многу стиснати од нивните гравитациски сили, па затоа тие се наречени и компактни објекти.