МАКЕДОНИЈА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕ НА ЕВРОСОНГ

0
503

Македонија со групата Eye Cue и песната „Lost and found“ не обезбедија пласман за финалето на 63-то издание на  избор на песна на Евровизија 2018 што се одржува во Лисабон – Портогалија, каде што синоќа настапи под реден број 11 во првата полуфинална вечер.Од вкупно 19 земји преставнички ова се 10 земји кои обезбедија билет за во финале: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска. земјите што учествуваа. Утревечер на второто полуфинале ќе настапат изведувачи од 18 земји од Европа. Република Македонија шеста година не успева да влезе во финале. Последен пат се пласираше во евровизиското финале во 2012 година во Баку со песната „Црно и бело“ во изведба на Калиопи. Финалето е закажано за во сабота. Како фаворите се: Бугарија, Естонија, Израел и Кипар. МРТВ ќе врши директен пренос од сите три евровизиски вечери.